Просинечки заврши во болница поради исцрпеност – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/18 3:07 PM

Просинечки заврши во болница поради исцрпеност

Селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки, заврши во болница во Сараево, бидејќи страдаше од исцрпеност – пишува дневниот весник „Дневни аваз“.

Поранешниот тренер и играч на Црвена ѕвезда првo добил инфузија, а потоа продолжил со понатамошни испитувања во болницата.

Просинечки вчера се чувствувал лошо и затоа не присуствувал на отворањето на новото административно седиште на Фудбалската асоцијација на БиХ.

Тој направи одличен резултат со босанската репрезентација со пласманот во А-лигата од Лигата на нации, откако ја заврши групата на првото место пред Австрија и Северна Ирска.