Бронзен медал на Олимпијадата за технички пронајдоци за Југоисточна Европа освои ученичка од штипското медицинско училиште – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/18 1:08 PM

Бронзен медал на Олимпијадата за технички пронајдоци за Југоисточна Европа освои ученичка од штипското медицинско училиште

Петнаесетгодишната Еленора Скендерска од штипското медицинско училиште „Јане Сандански” на Олимпијата за технички пронајдоци за Југоисточна Европа го освои третото место или бронзениот медал. Еленора во конкуренција со 43 момчиња од осум држави ја презентирала својата иновација или како што вели таа станува збор за електро-економски уред за места каде што нема електрична енергија.

-Тоа е уред, што овозможува од 700 до 800 ватна моќност, каде што нема достапна електрична енергија и заштеда на електрична енергија и на пари. Иновацијата е во тоа, а  идејата е пред се од економска и енергетска состојба, како во Македонија, така и пошироко. Тој уред е составен од акумулатор, инвертор, електромотор, алтернатор и секако ременица и жици. Струјата е 12-волтна и потекнува од акумулаторот, што поминува преку инверторот, што ја претвара во 220 волтна струја, пристигнува до електромоторот, кој во вид на механичка работа го придвижува алтернаторот, преку каишницата или ременицата, а пак алтернатор ја има улогата да го надополни алтернаторот. На тој начин добиваме едно затворено коло при што добиваме 700 или 800 ватна моќ за користење од уреди, кои што би се приклучиле на вториот излез од инверторот, појасни Скендерска.

Нејзината менторка, Благица Давкова, наставник по физика во СОУ „Јане Сандански”-Штип посочи дека и покрај тоа што Еленора се определила за изчување на медицината, сепак физиката и функционирањето на човечкото тело имаат многу допирни точки.

На оваа иновација Еленора работела три месеци, а заедно со менторката работеле на анализи и истражувања за проектот. Давкова вели дека со истиот проект, но подобрен ќе учествуваат и на други меѓународни натревари.