Навивачите на Челси може да здивнат затоа што еден од нивните најдобри фудбалери во последните години ја продолжи соработката со клубот.
Имено, Нголо Канте се согласи за нов петгодишен договор и ќе остане на „Стемфорд Бриџ“.Омилениот француски репрезентативец со новиот договор ќе заработува неверојатни 290.000 фунти неделна плата, со што станува најплатен фудбалер на тимот.
За споредба, Еден Азар заработува 200.000 фунти неделно, а во досегашниот договор Канте имаше „само“ 120.000 фунти неделна плата.
-Многу сум среќен што го продолжив договорот со Челси. Овде поминав две прекрасни години и сакам да останам уште долго. Откако дојдов, целосно напредував како играч, си поставив предизвици пред себе и добив некои награди за кои никогаш не ни замислував дека ќе ги добијам. Го сакам градот, го сакам клубот и среќен сум што ќе бидам тука уште долго време- коментираше Канте по продолжувањето на соработката со клубот.


