Од јуни наредната година ќе се рестартира Југохром – ММС
ММС

Објавено на: 11/23/18 7:32 AM

Од јуни наредната година ќе се рестартира Југохром

Од јуни наредната година ќе се рестартира Југохром кога се очекува да се изгради филтер станицата, посочија од раководството на комбинатот и вицепремиерот Кочо Анѓушев по денешната средба во комбинатот во тетовско Јегуновце. Анѓушев го повтори ставот на владата дека нема да дозволи да работи фабриката, се додека не ги исполни еколошките услови за работа.

Извршнот директор на Југохром Васко Скендеровски најави дека враќањето на отпуштените работници ќе се случи од наредниот месец а напролет кога ќе се изгради филтер станицата, ќе се примат околу 500 отпуштени работници, кои ќе работат во двете големи печки, за кои се гради системот за отпрашување.

И вицепремиерот Кочо Анѓушев, најави дека фабриката ќе проработи напролет наредната година. Такво ветување добил лично од раководството

Владата вчера ја задолжи Македонската банка за подршка на развојот, на Југохром да му одобри кредит во висина од 1,5 милиони евра за изградба на филтер станицата, која е услов комбинатот да ги вклучи печките.

Зоран Димовски