Кејти Пери е прва на топ 10 листата најплатени пејачки за 2018 година на „Форбс“, со што ја симна Бијонсе од престолот по тригодишна доминација.
Пери годинава заработила 83 милиони долари, од кои 20 милиони за своето учество во жирито на емисијата „Американски идол“, како и нешто над милион долари за секој настап.
На второто место на листата на „Форбс“, се најде Тејлор Свифт со 80 милиони долари заработка, најмногу поради албумот „Reputation“.
Трета е Бијонсе, со заработени 60 милиони долари
4. Pink ($52 милиони)
5. Lady Gaga ($50 милиони)
6. Jennifer Lopez ($47 милиони)
7. Rihanna ($37.5 милиони)
8. Helene Fischer ($32 милиони)
9. Celine Dion ($31 милиони)
10. Britney Spears ($30 милиони)


