Во прво одделение не се запишани околу 600 деца кои се родени во тетовско, а 400 основци не се запишани во средните училишта во овој регион, велат податоците на Секторот за образование при Општина Тетово. Ваквата статистика е резултат на миграцијата.
Од Секторот за образование велат дека освен миграцијата во странство, има и деца кои родителите свесно не ги запишуваат во училиштата, но за среќа нивната бројка е многу мала, а општинскиот просветен инспекторат ги испитува ваквите случаи.
Од секторот велат дека намалениот број на запишани првооделенци и основци во средните училишта е резултат и на преселбата на цели семејства во други градови во Македонија претежно Скопје.
Од Секторот за образование, велат дека проблемот со намалување на првооделенците во Тетово не е толку алармантен како што е во другите градови во Македонија. Поради големиот број на новороденчиња во Тетово, бројот на запишани првооделенци секоја година се движи околу 1000.
Зоран Димовски


