На соиграчите им забранив да го бараат дресот од Роналдо, бидејќи тој може да биде само мој – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/18 12:00 PM

На соиграчите им забранив да го бараат дресот од Роналдо, бидејќи тој може да биде само мој

Старата дама после репрезентативната пауза сака да продолжи со својот победнички ритам во домашното првенство, а на гости им доаѓа СПАЛ, на кои не им се даваат големи шанси на оваа средба. Овој натпревар за играчите на СПАЛ е навистина посебен, а тоа се однесува на искусниот напаѓач Мирко Антенучи.

Овој 34-годишен напаѓач за италијанските медиуми изјави дека едвај го чека натпреварот против Јуве и средбата со Кристијано Роналдо кој многу го почитува. Дури јасно порача дека тој ќе му го побара дресот на Роналдо и дека ќе им забрани на своите соиграчи тоа да го направат.

„Можеби ќе биде расположен да ми ја исполни желбата и да ми го даде неговиот дрес. Сигурно е дека ќе го прашам и ќе пробам да го уловам пред натпреварот. Се надевам дека ќе ми ја исполни желбата, а доколку тој го посака мојот дрес тоа ќе биде уште подобро. На останатите играчи им забранив да му го бараат дресот“, низ смеа порача Антенучи.