Велковски успешно опериран, следи долг период на рехабилитација – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/18 10:42 AM

Велковски успешно опериран, следи долг период на рехабилитација

Ракометарот на скопски Металург, Мартин Велковски како што е познато на дуелот со Бешикташ во Лигата на шампионите се здоби со посериозна повреда за која беше потребна хируршка интервенција.

Стануваше збор за скината ахилова тетива за која мораше да се изведе оперативен зафат, зафат кој веќе е извршен и сега процесот на рехабилитација ќе може да започне. Клубот од Автокоманда информираше дека повредата на бекот е санирана со хируршка интервенција од специјалистот за овој вид на повреди д-р Димитар Споа.

Закрепнувањето на Мартин ќе трае со месеци, односно ќе биде во аут до крајот на сезоната.

Извор: derbi.mk