Уште еден пешак прегазен на пешачки во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 11/22/18 9:24 AM

Уште еден пешак прегазен на пешачки во Штип

Со повреди на р`бетот заврши 68-годишната жена, која вчера попладне на пешачки премин беше прегазена во центарот на Штип. Во неа удри такси возило управувано од А.Ј.(63), соопшти СВР Штип. Жената е хоспитализирана на Ортопедското одделение во Клиничката болница во Штип.

Од болницата соопштуваат дека нејзината здравствена состојба е стабилизирана.

Според полицискиот билтен, вчера во 15:50 часот било пријавено дека во Штип на крстосницата на улиците „Ванчо Прке”, „Јосиф Ковачев” и „Кирил и Методиј”, патничко возило „фолксваген голф” со штипски регистарски таблици, управувано од А.Ј.(63) од Штип  удрило  во пешакот Д.С.(68) од Штип.

Д.С. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип и се работи на целосно расчистување на случајот, соопштија од полицијата.