Ќе бидат ли и пензионерите обврзани да се регистрираат за е-данок во УЈП? Ова прашање одговорот ќе го добие денеска, а деталите за новото законско решение ќе ги соопшти на прес конференција, директорката на управата, Сања Лукаревска.
Таа информира дека досега електронска регистрација за персонален данок извршиле една третина од даночните обврзници.
„Денеска ќе имаме прес конференција и ќе го објавиме нашето законско решение и сметаме дека ќе бидат задоволни сите“ рече Лукаревска.
Обврска за регистрација во системот имаат сите физички лица кои оствариле приходи по кој било основ – плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, добивка од игри на среќа, од странство, пензија и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход заради прием на пополнетата годишна даночна пријава што од 1 јануари 2019 година ќе ја доставува УЈП.
Ангел Данов


