Дванаесет дневната борба на лекарите за животот на петнаесетгодишниот ученик Мустафа Садет што беше прегазен на пешачки премин пред средно училиште во Штип,не успеа.И по неколкуте операции на главата и градите ,тој синоќа починал на Скопските клиники.
Посмртните останки на петнаесет годишниот ученик беа погребани на гробиштата во селото Радање во општина Карбинци.
Ученикот беше прегазен на 9 ноември, на пешачки премин одејќи до блиските киосци да си купи ужина додека траел големиот одмор.Беше прегазен од ,,залетан,, возач,кој според информациите од Полицијата на место каде што е дозволено 50, возел со 105 километри на час.
Основниот јавен обвинител Ристе Бојаџиев изјави дека не е најден алхохол при алкотестот,поради што и нема причина за притвор.Откако ќе добие кривична пријава од Полицијата,заедно со целокупната документација и резултатите од направената обдукција,Обвинителството ќе поднесе тужба.Според Кривичниот законик за делото,, Тешки дела против безбедноста во сообраќајот,,,предвидена е казна затвор до пет години.
За период од десетина дена,на истото место ,,блиска средба,,со залетан возач имала и ученичка, која за среќа поминала со лесни повреди.Во текот на изминатите години на пешачкиот премин пред училиштето се бележат бројни инциденти кои за локалните власти како да не беа причина за сериозна интервенција за подобрување на безбедноста на пешаците.
Прегазувањето на детето ги алармира и родителите.Три дена по инцидентот,тие заедно со учениците од училиштето,протестираа и го блокирааа булеварот,,Гоце Делчев“.Упатија и јасна порака дека децата ги праќаат во училиште, не во смрт.
Родителите и учениците од училиштето најавија нов протест.
Од општината го најавија почетокот на изградбата на кружниот тек во непосредна близина на училиштето а најавено е и поставуванње на вибрациони ленти како дел од планот за подобрување на безбедноста во сообраќајот.


