Кредитот од 1,5 милиони кој треба Југохром да го добие за филтер станицата не е доволен за нејзина целосна изградба. Од комбинатот велат дека системот за отпрашување ќе го доградат до јуни наредната година со нивни средства.
Од Раководството на комбинатот, не прецизираат уште колку пари им се потребни за доизградба на системот за отпрашување, но уверуваат дека тој целосно ќе биде завршен до јуни наредната година, а со тоа ќе започне проиводствениот процес со вклучување во погон на двете големи печки.
Од Синдикатот на Југохром велат дека раководството е сериозно и станицата ќе се изгради, затоа и ќе бараат паралелно со нејзина изградба да дозволи владата фабриката да почне со работа.
Од Еко герила се против било каква опција, Југохром да почне со работа без да ги исполни еколошките стандарди.
Југором не работи две години, откако владата му ја одзеде дозволата поради неисполнување на еколошките услови.
Зоран Димовски


