Од 7 до 25 декември, по 8-ми пат во Прилеп ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал и е по повод патронот наградот – „Свети Никола”, кој и годинава ќе има хуманитарен карактер.
Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски нагласи дека и годинава турнирот има хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат наменети за децата со ретки болести.
„Собраните средства ќе бидат наменети за децата со ретки болести, како што е цистичната фиброза за што пациентите имааат терапија преку целата година. Се надевам дека и годинава ќе имаме одговорни компании и субјекти кои ќе го поддржат турнирот и така ќе придонесат за собирање повеќе средства. Инаку, Прилеп ги почнува и подготовките за одбележувањето на патронот на градот, „Свети Никола” на 19 декември. Лани беа собрани околу 180.000 денари и беа наменети за новиот Дневен центар на лицата со церебрална парализа“, истакна градоначалникот, Илија Јованоски.
Прилепскиот Спортски сојуз пак, соопшти дека наградниот фонд останува како лани, 330.000 денари.
„За освоено прво место е 160.000 денари, за второ – 90.000, а за освоено трето место на турнирот наградата е 60.000 денари. За ветераниете наградата е 20.000 денари, а пионерите ќе бидат наградени со спортска опрема. Пријавувањето на екипите е до 4 декември, а котизацијата е 5.000 денари за сениорите, 3.000 денари за ветераните и по 1.500 денари за пионерите“, објаснува Рубинчо Илиоски од локалниот спортски сојуз.


