Ќе сносат ли надлежните институции одговорност за бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски? Додека повеќе од една недела топката си ја префрлаат МВР, Судот и Специјалното јавно обвинителство, Владата се уште нема утврдено одговорност, бидејќи како што велат оттаму, во моментот во ресорното министерство се водат две постапки. Коа ќе бидат утврдени сите параметри и сите работи што се случиле ќе се утври и одговорноста доколку постои.
Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски денеска прашан од новинарите дали досега е утврдена некаква одговорност, најави дека штом сите информации ќе бидат утврдени и темелни тие ќе бидат презентирани и ќе го дадат одговорот на прашањето.
„Унгарија е земја членка на Европската Унија и на НАТО која досега во сите постапки на екстрадиција кои постоеле помеѓу Република Македонија и Република Унгарија во ниту еден момент не било укажано дека постојат одредени неправилности во судските процеси во Република Македонија, како што е во овој случај со Никола Груевски. Кристално јасно е дека наводите во барањето азил се лажни, барањето за екстрадиција е испратено. Груевски не го бараме само за да ја одлежи казната во Република Македонија, пресудата од две години затвор, туку тој се бара и за повеќе други истраги и судски процеси кои се во тек. Тоа значи дека барањето за екстрадиција е целосно, темелно и овозможува дефинитивно негово враќање во Република Македонија“, изјави Бошњаковски.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ во интервју за една од српските телевизии посочи дека тие не можеле да го уапсат Груевски, бидејќи по него не била распишана меѓународна потенцира, но од макеоднската Влада денеска не сакаа да коментираат, како што посочија, изјави од други државници.


