Повредено 11 годишно девојче во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/18 12:08 PM

Повредено 11 годишно девојче во Скопје

На 20.11.2018 година во 16.40 часот на крстосницата од улица „Кемал Сејфула“ и улица „Крсте Асенов“ патничко возило „Опел aстра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(55) од Скопје удрило во 11-годишно девојче, кое било пренесено во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.