Дванаесет дневната борба на лекарите за животот на петнаесетгодишниот ученик Мустафа Садет што беше прегазен на пешачки премин пред средно училиште во Штип,не успеа.И по неколкуте операции на главата и градите ,тој синоќа починал на Скопските клиники.
,,Посмртните останки на петнаесет годишниот ученик ќе бидат погребани на гробиштата во селото Радање во општина Карбинци,не’ информираше директорот на средното училиште,,Никола Нехтенин,, Дејан Павлов.
Ученикот беше прегазен на 9 ноември, на пешачки премин одејќи до блиските киосци да си купи ужина додека траел големиот одмор.Беше прегазен од ,,залетан,, возач,кој според информациите од Полицијата на место каде што е дозволено 50, возел со 105 километри на час.
Од ОЈО се уште работат на комплетирање на предметот против 68 годишниот возач.Се чекаат извештаите од направените вештачења.
За време од десетина дена,на истото место ,,блиска средба,,со залетан возач имала и ученичка, која за среќа поминала со лесни повреди.
Прегазувањето на детето ги алармира и родителите.Три дена по инцидентот,тие заедно со учениците од училиштето,протестираа и го блокирааа булеварот,,Гоце Делчев“.Упатија и јасна порака дека децата ги праќаат во училиште, не во смрт.
Од општината го најавија почетокот на изградбата на кружниот тек во непосредна близина на училиштето а најавено е и поставуванње на вибрациони ленти како дел од планот за подобрување на безбедноста во сообраќајот.


