Куманово прогласен за град на спортот за 2019-та на европско ниво – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/18 8:45 AM

Куманово прогласен за град на спортот за 2019-та на европско ниво

Куманово, го доби статусот Град на спортот за 2019 –та година, кој го доделува Комисијата за евалуација АЦЕС Европа од Брисел, задолжена за следење на спортот во Европа. Куманово се натпреваруваше во категоријата „сити”, средни градови од 25.000 до 500.000 жители и е прв град од Македонија кој ја добива оваа престижна титула.
Делегацијата претходно ја разгледа спортската инфраструктура во градот, а при донесувањето на одлуката значајна е и грижата што општината ја нуди за спортистите кои се вложиле себе си, за спортските работници од различни области и ги почитува лицата со попреченост во нивните активности на полето на спортот, за што Куманово од комисијата ги доби потребните поени за оваа награда.
Димитриевски на вчерашната свеченост, се заблагодари на потпретседателот на комисијата, Џон Свансон и останатите членови на делегацијата кои одлучија да му ја доделат наградата на Куманово.
-Ова признание е за сите спортисти кои придонесоа за развој на спортот, на лицата кои во одредени периоди и волонтерски работеа, вложија труд, на бизнис заедницата која вложува. Чест ми е во име на граѓаните да се заблагодарам на укажаната доверба, рече Димитриевски.
Тој најави дека и во иднина ќе инвестираат за поголема вклученост на граѓаните во спортот, да се рекреираат, да се сплотуваат и дружат.