Пронајден мртов кит во Индонезија со пластични чаши во себе – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/18 2:58 PM

Пронајден мртов кит во Индонезија со пластични чаши во себе

Близу индонезиските источни брегови беше пронајден мртов кит, кој во стомакот имал 115 пластични чаши, две пластични влечки, четрири шишиња, 25 ќеси и многу други пластични предмети.

– Трупот на китот е долг 9,5 метри и бил пронајден во водите на островот Вакатоби во провинцијата Сулавези, изјави директорот на Националниот парк Вакатоби, Хери Сантозо.

Причината за смртта не е позната, но телото веднаш беше погребано, оти било во поодмината фаза на распаѓање

Извор:МИА