Поранешниот извршен директор на Милан, Марко Фасоне истакна дека Ли Јонгхонг го посакувал Кристијано Роналдо во редовите на италијанскиот гигант.
Сепак, токму Фасоне бил тој кој го блокирал трансферот со тоа што го убедил Ли дека тоа било премногу ризично затоа што Роналдо бил прескап.
-Точно е, Јонгхонг Ли го посакуваше Кристијано Роналдо во Милан. Господин Ли го посакуваше Роналдо затоа што веруваше дека ќе го зајакне клубот на кинескиот пазар. Веќе знаевме дека играчот сака да го напушти Реал Мадрид, па дури и се состанавме со неговиот агент Мендеш во јули, 2017 година за да ги дознаеме неговите барања и колку би не чинел. Тогаш го убедив Ли да се откажеме од сонот, Роналдо беше прескап- истакна Фасоне во интервју за „Ил Соле 24 Оре“.
Извор: derbi.mk


