Наместо државата и општината покривот на Основното училиште Гоце Делчев во Гостивар најверојатно ќе го реконструира Амбасадата на Јапонија во Скопје. Амбасадорката Кеико Ханеда ја посети општина Гостивар од каде најави и помош за други проекти во оваа општина.
Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари со јапонската амбасадорка Ханеда разговарале за донација на покривот на основното училиште Гоце Делчев. Се разговарало и за повеќе грантови што ги доделува амбасадата во областа на образованието социјалата и друго. Освен за покривот на основното училиште, општината ќе аплицира и за добивање на грант за отворање на центар за аутизам.
Денес го информирав градоначалникот какви проекти поддржува нашата Амбасада и се надевам дека во иднина ќе зборуваме за конкретни проекти кои можеме да ги реализираме заеднички овде во Гостивар. Јапонија има одлична соработка и цврсто пријателство со многу општини во Македонија и мене ми причинува задоволство што Гостивар е дел од оваа пријателска врска, изјава Кеико Ханеда, Амбасадорка на Јапонија во Македонија
Покривот на Основното училиште Гоце Делчев во Гостивар се уште не се санира ,иако има изработено проект за нова покривна конструкција.
Покривот на училишниот објект при секој поголем дожд, прокиснува.
Министерствотото за образование поради одредени недостатоци го вратила на доработка проектот што Општина Гостивар го изработила за нова покривна конструкција.Проектот за целосна реконструкција на покривот чини околу 250 илјади евра.Моментално покривот е само саниран привремено со најлон Во ОУ „Гоце Делчев” настава на македонски и албански јазик следат над 1000 ученици.
Зоран Димовски


