Вооружен инцидент во болница во Чикаго: Доктор, фармацевт и полицаец убиени – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/18 8:48 AM

Вооружен инцидент во болница во Чикаго: Доктор, фармацевт и полицаец убиени

Доктор, фармацевт и полицаец се жртвите на напаѓачот, кој отвори оган во болница во Чикаго – соопшти тамошната полицијата.

Вооружениот напаѓач бил виден како се расправа со докторката, Тамара О’Нил, со кого бил во врска, и кога еден пријател доктор се обидел да интервенира сторителот ја подигнал кошулата и покажал пиштол, по што ja убил докторката. Кога пристигнала полицијата, напаѓачот се префрлил во болница, убивајќи  ја по случаен избор аптекарката  Дајна Помај, а при отворениот оган со полицјата, пукал и во полицискиот службеник, Самуел Хименес.

Убиецот, кој не е именуван, исто така, починал, но не е јасно дали тој бил убиен од полицијата или сам посегнал по својот живот.

Градоначалникот,  Рахм Емануел за медиумите нагласил дека нападот донесува солзи во душата во неговиот град.

Погледнете го интервјуто со сведоците на пукањето