Времето денеска: Врнежливо време и денес и утре – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/18 7:37 AM

Времето денеска: Врнежливо време и денес и утре

Времето утринава е облачно со повремен дожд во поголемиот дел од земјата. Врнежи нема на крајниот исток. Слаб променлив ветер има на повисоките места и во Демир Капија.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, поинтензивни на западот. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималните температури ќе се движат од 5 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.