Фудбалерот Пол Гаскоњ обвинет за сексуален напад – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/18 3:15 PM

Фудбалерот Пол Гаскоњ обвинет за сексуален напад

Легендарниот англиски фудбалер Пол Гаскоњ е обвинет за сексуален напад во еден воз од Јорк, пишува „Дејли Мејл“.

Инцидентот се случил на 20 август кога 51-годишниот Гаскоњ бил уапсен, откако „вознемирал и допирал жена“ во текот на патот во возот.

Затоа наредниот месец мора да се појави на Суд за да го објасни случајот.

Гаскоњ имаше многу проблеми со алкохолот и користењето на наркотици, а дури беше и на рехабилитација.

Во текот на кариерата играше за Њукасл, Тотнем, Лацио, Ренџерс, Евертон, додека за Англија настапи 57 пати и имаше 10 голови.

Извор: supersport.mk