Ченто Биографија низ Фотографија е насловот на изложбата која попладнево се одржа во Музејот на тетовскиот крај по повод ослободување на Тетово 19 ноември. Автор на изложбата е Рубинчо Белевски.
Изложбата има над 250 фотографии кои авторот ги собирал со помош на семејството на Методија Андонов Ченто. Авторот Рубинчо Белевски кој, вработен во прилепскиот музеј вели дека изложбата ги прикажува животниот пат на Ченто во најбурните времиња а преку него се прикажува и самата историја на македонската држава во првата половина од 20 век.
Изложбата беше организирана по повод денот на ослободуавње на Тетово 19 ноември со што конечни се ослободила и цела Македонија од фашистичкиот окупатор.
19 Ноември-Денот на ослободувањето на Тетово денес беше пригодно одбележан пред Споменикот на Револуцијата.
Сведок на ослободувањето на градот на овој ден пред 74 години, бил и тетовецот Јордан Јосифоски
По интонирањето на македонската химна и едноминутното молчење за оддавање почит на паднатите борци, букети свежи цвеќиња положија делегации.
Зоран Димовски


