Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата поднесоа Информација за загадувањето на амбиентниот воздух во Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/18 12:06 PM

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата поднесоа Информација за загадувањето на амбиентниот воздух во Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата „За подобра Македонија” денеска во Собранието на Република Македонија поднесоа Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија – информираше денеска координаторот на пратеничката група, Никола Мицевски.

„Загадувањето на воздухот во Република Македонија како никогаш досега руши рекорди. Благодарение на актуелната власт, Република Македонија и официјално стана држава со најзагаден воздух во Европа. Оваа власт на чело со СДСМ и нивните функционери кога беа во опозиција ветуваа дека ќе го решат проблемот со загадувањето низ низа мерки и проекти. Но, излажаа. Не само што не го подобрија квалитетот на воздух, туку напротив загадувањето на воздухот руши рекорди. Очигледно е дека СДСМ загадувањето го користеше само за политички поени и дека во ниту еден момент не помислија да се прават со оваа ситуација“, изјави Мицевски.

Според него, ситуацијата со енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија е алармантна. Здравјето на граѓаните се доведува во прашање.

„Ние како пратеници во Собранието избрани од граѓаните, имаме обврска да алармираме за ваквата состојба и да го заштитиме здравјето на граѓаните. Со таа цел денеска во ја поднесуваме оваа Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух. Покрај оваа инофрмација, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат да се одржи и јавна распава во Комисијата за транспорт, врски и екологија во врска со енормното загадување, каде што ќе бидат повикани, граѓански здруженија, еколошки здруженија, експерти и сите останати кои што можат да допринесат за да се спречи влошување на состојбата“, додаде Мицевски.