Евакуација на жители во Гватемала поради активноста на вулканот Фуего – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/18 11:43 AM

Евакуација на жители во Гватемала поради активноста на вулканот Фуего

Властите во Гватемала ги повикаа жителите на осум општини во земјата да се евакуираат кон безбедни подрачја по интензивирање на активноста на вулканот Фуего.

Вулканот е лоциран меѓу три општини кои се наоѓаат од централниот кон јужниот дел на земјата.

Портпаролот на Нациналната агенција за катастрофи Дејвид де Леон изјави дека би требало да се евакуираат жителите на најмалку осум општини.

Тој изјави дека следењето на активноста на вулканот во текот на денот во неделата покажал дека интензитетот на ерупцијата се одржувала, но сепак побара евакуација за заштита на луѓето.

По ерупцијата на овој вулкан во јуни, загинаа 194 лица, а најмалку 234 се водат како исчезнати, иако некои организации тврдеа дека има илјадници исчезнати.