Споредните улици во Тетово на периферијата од градот општината сосема ги заборавила. Преполни се со дупки и ризични да се оди пеш или со автомобил.
Нерамнини, дупки, огромни кратери изместени и скршени бекатон плочки. Ваква е состојбата на сообраќајниците на периферијата од Тетово. Најлоша е сликата на улицата Гоце Делчев во стариот дел на градот, која води од населбата Колтук до православните гробишта. По паѓањето на снегот но и врнежливото време улицата наликува како патека за планински трки.
Улицата Гоце Делчев е една од најдолгите и најстарите во градот кој поминува низ стариот дел на градот. Од Општина Тетово велат дека улиците во градот се асфалтираат според приоритет. Но, конкретно не дадоа одговор кога ќе се започнат да се асфалтираат сообраќајниците кои се оставени на забот на времето.
Зоран Димовски


