Победа против Гибралтар за потврда на првото место – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/18 10:06 AM

Победа против Гибралтар за потврда на првото место

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Гибралтар во натпревар од последното, шесто коло во Лигата на нации – пренесе Македонската информативна агенција.

Иван Тричковски кој беше стрелец на гол на првиот натпревар во Гибралтар ги повика навивачите на „црвено-жолтите“ во што поголем број да дојдат на Арената „Филип Втори“ во Скопје.

– Очекувам посветеност од сите нас да биде на највисоко ниво. Само така ние може да направиме победата да биде полесна. Се стремиме да даваме што повеќе голови, но не е лесно против дефанзивни селекции. Како и да е, имаме историска шанса за пласман за едно големо натпреварување и се надевам на што поголема поддршка и заедно со навивачите да славиме, изјави Тричковски.

Натпреварот Македонија – Гибралтар се игра вечер со почеток во 20 часот и 45 минути.

Во пресрет на последното коло во Групата- 4 од Д-лигата, Македонија е прва на табелата со 12 бода, Ерменија има 9, Гибралтар 6, Лихтенштајн 3.