Протест пред Собранието против уставните промени – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/18 8:07 AM

Протест пред Собранието против уставните промени

Бојкотирам уставни промени – под ова мото неколку здруженија вчеравечер организираа протест пред Собранието.

Демонстрантите од Светскиот македонски конгрес, движењето Бојкотирам, Глас за Македонија, Трета политика , Ленка, но и партијата Единствена Македонија побараа итно и безусловно запирање на процесот на уставни измени, еднострано правно поништување на договрот од Преспа, стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право, како и тајна заштита на името на државата, Македонија и распуштање на Собранието и распишување вонредни парламентарни избори.

За време на неговиот говорот на Тодор Петров дел од демонстрантите дофрлаа коментари, бидејќи претходно ним не им беше дозволено да се качат на бината и да се обратат, па го обвинија Петров дека го поделил народот.

Протестот беше најавен преку социјалните мрежи како натпартиски, сенароден и ненасилен. За граѓаните беше организиран превоз од повеќе градови од државата.