Со закон старите долгови ќе се ослободат од камати и трошоци за извршување – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/18 7:33 AM

Со закон старите долгови ќе се ослободат од камати и трошоци за извршување

Голем е бројот на кавадарчани, но и жители на останатите тиквешки општини кои го чекаат законот за отпис на камати и намалување на трошоците за ивршување, бидејќи се соочуваат со големи долгови пред се за наводнување на земјоделски површини, кои им се провлекуваат со години.

Пратеникот од Кавадарци, Панчо Минов, кој иницираше овој закон, за канал 77,  вели дека очекува од почетокот на следниот месец  законското решение да биде во функција. Рече дека досега ги минал сите собраниски филтри и многу брзо граѓаните кои должат за комунални сметки,  ќе можат да го платат само главниот долг и трошоците за извршување кои ќе зависат од  главницата.

„ Условот за тоа е да се печати главниот долг и извршните трошоцои од моментот на објавување од  доверителите во период од 12 месеци. Трошоците за сите овие извршни постапки  кои беа многу големи со големи материјални негативни  импликации за граѓаните да се намалат од нивниот утврден износ на 20%. Значи 80% ослободување. Тоа е прифатено од владата со нивниот предлог измени и дополнувања на законот за извршување“ вели Минов и објаснува дека од декември граѓаните ќе можат да ги користат благодетите од законското решение,  за кое ќе се гласа на седницата на парламентот закажана за 26-ти  овој месец.

„Верувам дека од 1.12 овој закон ќе влезе во сила,  што ќе биде голем благодет за граѓаните. Јас исто така се ставам на располагање, од 1.12 да го следиме извршувањето на овој закон и за секаква помош на засегнатите граѓани“ додаде пратеникот.

Согласно законските решенија за долгови стари и по една деценија, за кои граѓаните воопшто не знаеле, сега се наплаќаат   десеткратно повисоки суми од страна на извршители.

Најмногу граѓани се тужени за парично побарување по фактури за електрична и топлинска енергија,  вода,  телефонија, мобилни оператори, но и за наводнување.

 

Ангел Данов