Масовно труење на кучиња во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/18 8:15 AM

Масовно труење на кучиња во Тетово

Изминатава недела низ Тетово се отруени триесетина кучиња скитници. Ваквиот нехуман начин на решавање на проблемот со бездомните животни е опасен и за домашните миленици но и за луѓето, затоа што отровот се остава на отворени површини и во близина на основните училишта.

Од групата Бездомни животни Тетово, со остра осуда за труењата на кучињата скитници во Тетово. Велат дека смртната хајка против незгрижените животни е организиран. Не се работи за изолирани случаи како порано, затоа што отровот го има фрлено низ целиот град.

-Бидејки оставањето отров на јавни површини е кривично дело и предизвикува опасност по живот апелираме да реагира полицијата, Јавното обвинителство Агенцијата за храна и ветеринарство. Ова е страшен,нехуман и опасен начин во денешно време да се убиваат животни. Има индиции дека кучињата во Тетово се носат од други градови и ги замолуваме надлежните институции да реагираат. Бараме општината да го реши проблемот со изградба на стационари,а не да се градат стационари само на хартија, велат од групата на бездомни животни Тетово

Ветеринарите велат дека ваквиот начин на решавање на проблемот со кучињата скитници е опасен и за домашните миленици но и за луѓето, затоа што отровот се остава на отворени површини и во близина на основните училишта.

И Тетовци го осудија труењата на бездомните животни.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово, велат дека нивни екипи по дојава на граѓани ги подигнале сите кучиња скитници од повеќе локации од градот кои се затруле од отровот поставен од засега непознати сторители.

Од Општина Тетово како и многу пати досега, велат дека ќе го решат проблемот со кучињата скитници со заловување и згрижување во постоечки објект на комунална хигиена. За таа цел како што велат градксите власти општината првично има одвоено 500 000 денари.   

Зоран Димовски