Гласоечкото пеење од тетовско заштитено со закон во изумирање – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/18 7:33 AM

Гласоечкото пеење од тетовско заштитено со закон во изумирање

Таканареченото гласоечко пеење кое потекнува од тетовско а заштитено од Уницеф полека изумира. Него го практикуваат една група на возрасни мажи од тетовско. Младите ги одбегнуваат ваквиот стил, иако овој начин на пеење преставува културен белег на еден народ.

Ваквото пеење потекнува од тетовско. Си има свои специфики, а се нарекува полифоно гласоечко пеење Затоа и Уницеф одлучи да го заштити со закон. Но, тоа не е доволно оваа културна вреднот од тетовско да опстане.

Младите ретко го практикуваат и не сакаат да го учат, иако тоа е дел од нивните корени, велат од групата на повозрасни лица од тетовските села, кои се уште го одржуваат гласоечкото во живот.

Од Институтот за фолклор Марко Цепенков, велат дека мора да се најдат начини да се зачува гласоечкото пеење, затоа што тоа преставува дел од културните белези на македонскиот народ.

Гласоечкоте пеење со закон е заштитено  од Уницеф во 2015 година.

Зоран Димовски