Интезивни врнежи на снег кај Стража, задолжителна е зимска опрема – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/18 4:09 PM

Интезивни врнежи на снег кај Стража, задолжителна е зимска опрема

Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите сите моторни возила, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат”.

Заради обилните снежни врнежи во Пелагонија отежнато се одвива сообраќајот на патниот правец Битола-Прилеп. Од попладнево отежнато е движењето и на планинскиот превој Плетвар, каде неколку возила заради неприлагоденост на условите на патот и поради снегот кој го има на коловозот што го прави лизгав, возачите приморани се автоболите да ги застанат и странично да ги паркираат. Регистрирана е и механизација која се упати кон Плетвар, под претпоставка дека треба да го исчисти патот.


Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.