Една работа која никако не смеете да ја заборавите ако излезете од дома, а при тоа надвор врне дожд тоа е чадорот. Некои ќе кажат „јас не носам чадор нема каде да го сместам во чанта“ , а има и такви кои уживаат со себе да носат чадор и тоа секогаш внимаат како истиот ќе им одговара на нивниот моментален аутфит. Во последно време чадорот се користи и како моден додаток. Со оглед на тоа што постојат рано разни чадори спектаор е широк а изборот е ваш.

Гумените чизми се исто така се наоѓаат на агендата при дождливо време. Не зборуваме за оние рибарски чизми кои се неопходни во случај на временски погоди, работни обврски или пак ловење риби туку за модерни гумени чизми кои се вистински хит. Како и чадорите ги има во најразлични форми и бои и може многу лесно да се искомбинираат при врнежливо време. На крајот сте завршиле одлична работа, модерни и заштитени од вода.

Кабаницата е уште еден заштитен предмет од дожд. Можеби веднаш ќе си помислите „таа е за мали деца“, ние велиме дека кабаницата нема упаство за користење. Па зтаоа не срамете се, со неа целосно ќе бидете заштитени.



