Сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, патот затворен за сообраќај – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/18 1:51 PM

Сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка, патот затворен за сообраќај

Магистралниот пат Куманово – Крива Паланка денеска од 13:45 часот е затворен за сообраќај во двата правци.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија, патот е затворен поради сообраќајна несреќа што се случила на месноста викана Просечени, атар на селото Псача, Крива Паланка.