Подгответе се: Доаѓаат минусни температури и снег – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/18 8:07 AM

Подгответе се: Доаѓаат минусни температури и снег

На сончевото и пријатно време во ноември извесно е дека му дојде крајот. Овие денови временската прогноза носи промени.

Метеоролозите најавија студено време кое ќе биде проследено со дожд речиси ширум земјава, а на запад врнежи од снег.

Снежни врнежи во текот на денот ќе има на повеќе места низ земјава со исклучок на југоисточниот регион.

Најобилни врнежи се најавија за запад и југозападниот дел. Според најавите максималните температури ќе достигнат од 1 до 10 степени, додека утринските ќе паднат најмногу до минус три степени.

Во главниот град позастапени ќе бидат врнежите од дожд кои веќе кон крајот на ноќта ќе преминат кон снег а веќе од вторник  се очекува нов влажен бран.