Навистина не постои ништо добро од првотата шоља утринско кафе, свеж мири и вкус, кои се чинат како формула за инстант будење, а шоља од вашето омилено кафе за почетокот на утрото како да ви ветува каков ден ве очекува.
Покрај тоа, кафето го поттикнува вашиот метаболизам многу брзо од било кој друг топол напиток. Што е тоа во кафето што ќе ги разбуди вашите црева поеднакво ефикасно како и вашиот мозок?!
Кофеинот е „главниот осомничен“ за тоа што кафето го стимулира дигестивниот систем, но истражувачите се уште немаат утврдено зошто тоа е така. Единствено што е сигурно е дека кафето влијае на протокот на варење на храната и исфрлање на штетните материи од организмот.
Решение за намалено влијаниe на варењето е што мала консумација и што помала количина на кофеин, во тој случај лаксативниот ефект е помал. Доколку пак не можете без кафе, одберете кафе кое подолго се пече, како еспресо во кое има помалку кофеин.
Лаксативниот ефект на кафе, не е штетен и го забрзува метаболизмот, но на некои луѓе едноставно не им одговара. Ако сте едни од нив, обидете се да го намалите кафето на минимум, ако сакате да го избегнете нејзиниот лаксативен ефект.


