Неопходни витамини за здравје на вашата кожа – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/18 8:00 AM

Неопходни витамини за здравје на вашата кожа

Кога е во прашање здрава и негувана кожа, повеќето се фокусираат на хидратацијата на површинскиот слој, меѓутоа тајната на здравата кожа се крие длабоко под нејзината површина. Козметиката со која се негува кожата, е многу важна но витамините со кои ја храниме, по пат на исхраната или суплементите се далеку поважни.

Витамините играат пресудна улога во здравјето на кожата. Влијаат на нејзиното здравје, но и блаотворно влијаат на естетските проблеми со кожата, како нејзината еластичност и намалена појава на целулит и стрии.

Витамините се органски соединенија, неопходни за раст и развој на целокупниот човеков организам. Одредена група витамини се грижи за здравјето на кожата како нејзина регенерација.

Список на витамини и суплементи најпотребни за вашата кожа:

Витамин Д
Витаминот Д активно учествува во растот и созревањето на клетките на кожата. За жал, повеќето имаат недостаток од овој витамин во организмот. Можете да го внесете по пат на исхраната, со што ќе консумирате повеќе риба или пак со консумација на таблети во консултација со доктор.

Рибино масло
Рибиното масло е богато со омега три масни киселини, кои се одговорни за сјај на вашата кожа. Овие киселини го смируваат воспалителниот процес на кожата и ја намалува иритацијата и црвенилото. Консумирањето на рибино масло, помага и во борбата против акните.

Биотин
Биотин е всушност витамин Б растворен во вода. Недостатокот на витамин Б и штети на вашата коса и ноктите, а на кожата предизвикува црвен осип и затоа е потребно да го внесувате во организмот по пат на исхрана или суплементи.

Витамин А
Витаминот А е прва одбрамбена линија од кожни оштетувања и стареење. Ретинол, е дериват на витаминот А, ефикасен е во борба против брчките и кожата долго време ја прави млада. Меѓутоа, со овој витамин мора да бидете внимателни бидејќи во прекумерни количини е токсичен. Затоа внесувајте го по пат на исхрана или користете крема со ретинол.

Витамин Ц
Покрај неговите антиоксидантни својства, витаминот Ц го поттикнува производството колафен и така влијае на подобрување на еластичноста на кожата. Здравата исхрана треба да ја обезбеди потребната количина на витамин Ц на својот организам.

Витамин Е
Витаминот Е е најзастапен во козметичките производи за нега на кожата. Ефикасно ја заштитува кожата од штетеното влијание на сончевите зраци. Доколку својата кожа богато ја храните со потребните витамини, таа ќе биде здрава, затегната и беспрекорно чиста, а вие ќе се чувстувате добро во својата кожа.