ВМРО-ДПМНЕ: Судот мора да ја укине мерката притвор за Јанакиески и Божиновски (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/18 6:17 PM

ВМРО-ДПМНЕ: Судот мора да ја укине мерката притвор за Јанакиески и Божиновски (Видео)

Судот мора да се ослободи од притисокот и да ги констатира пропустите направени при изрекувањето на мерката притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Нема ниту една причина, нема доказ или релевантна информација дека тие имале намера да не ги почитуваат мерките на претпазливост кои веќе им се изречени – изјави денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Според него, доколку судот ги отфрли жалбите без никаков аргумент, тоа ќе биде потврда дека правната држава тука повеќе не постои.

„Двете политички решенија за притвор на Јанакиески и Божиновски се доказ дека се злоупотребува УБК, дека се следи претседателот Иванов и неговиот кабинет, а се следат и поединци кои се цел на оваа криминогена и однародена власт. Кој ја издал наредбата УБК да го следи Претседателот Иванов и неговите активности? Какви се’ службени белешки има собрано УБК за работењето на Претседателот Иванов и какви се’ конструкции подготвуваат? Кои други лица се предмет на следење од УБК и кој ги прави списоците на политички неподобните кои што треба да бидат следени“, праша Стоилковски.