Автомобил прегази учесничка на протестите против скапите горива во Франција – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/18 11:54 AM

Автомобил прегази учесничка на протестите против скапите горива во Франција

Фото: Ројтерс

Еден од денешните протести против високите цени на горивата во Франција започна со трагичен инцидент, кога автомобил прегази и усмрти учесничка на протестите. Инцидентот се случил во местото Пон ду Бовоазан, во близина на градот Гренобл во реонот на француските Алпи.

Според францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер до инцидентот дошло кога една жена со својот автомобил се приближила до група демонстранти, при што ја фатило паника и наместо кочницата, таа ја притиснала педалата за гас и удрила во една демонстрантка.

Жртвата при ударот се здобила со сериозни повреди и починала.

За денеска во Франција се најавени над 1.000 протестни собири против високите цени на горивата, на кои се очекува да учествуваат околу 50.000 лица