Стивен Беркли е новиот британски министер за Брегзит – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/18 11:41 AM

Стивен Беркли е новиот британски министер за Брегзит

Стивен Беркли е новиот министер за Брегзит, именуван од британската премиерка, Тереза Меј. Беркли доаѓа од функцијата државен секретар во министерството за здравство и гласал за излегување на Британија од Европската Унија.

Меј најави дека лично ќе ги надгледува последните десет дена од преговорите со Брисел за идните односи на Британија со ЕУ , додека Беркли ќе се насочи на подготовките во земјата и за усвојување на предлогот на Меј во Парламентот.

Беркли го заменува Доминик Рааб , кој вчера поднесе оставка поради несогласувањата со нацрт планот за Брегзит , откако конечно беше постигнат договор со Унијата. Поранешната министерка за внатрешни работи , Амбер Рад е поставена за министерка за труд и пензиски систем на местото на Естер МкВеј , која исто така поднесе оставка.