Временска прогноза: Облачно со дожд, на планините снег – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/18 7:12 AM

Временска прогноза: Облачно со дожд, на планините снег

Фото: Josh Merrill Photography

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет. На планините во западните делови ќе се формира снежна покривка.

Утринската температура ќе биде во интервал од минус четири до пет степени, а дневната од нула до десет степени.

Викендов времето ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Нов влажен бран со пообилни врнежи, претежно од дожд, се очекува во вторник.