Скопјанецот кој вчера ја малтретираше жената која продава кај Буњаковец, и кој наводно бил комунален инспектор од Град Скопје ќе биде санкциониран. Впрочем, се работи за комунален редар од Општина Центар. Откако видеото на кое се гледа немилиот настан почна вирално да се шири на интернет, градоначалникот Саша Богдановиќ се извини за нехуманото однесување. Санкции исто така, има и за другиот комунален редар кој бил на местото на настанот.
Сакам да нагласам дека ваквото однесување кон граѓаните нема да го дозволам, бидејќи и ние, избраните функционери, но и општинската администрација работиме и ќе продолжиме да работиме во интерес на сите жители на Центар – истакна Богдановиќ.
Дел од корисниците на социјалните мрежи побараа службениците кои сепак земаат плата од граѓаните, да бидат отпуштени.


