Меѓународната унија за заштита на природата со седиште во Швајцарија го смени статусот на планинските горили од „екстремно загрозен вид“ во „загрозен вид“.
– Со оглед на тоа дека цел свет се соочува со исчезнување на животински видови, ова е голем успех во заштитата на природата – вели претседателката на Фондацијата „Дајан Фоси“ Тара Стоински.
Таа Фондација го доби името по специјалистката по зоологија, чиј труд го привлече вниманието на меѓународната јавност на планинските горили и чии мемоари беа основа за филмот од 1988 година „Горили во магла“ со Сигурни Вивер.
Откако планинските горили беа пред истребување, нивниот број полека се
зголемува.


