Алијансата за Албанците на пресс конференција излегоа со статистички податоци со кои Македонија е на врвот во Европа според смртноста на новороденчињата. Комисијата за здравство при Алијансата за Албанците предлага три точки за намалување на смртноста на новороденчињата.
Од Алијансата за Албанците ги изнесоа статистичките податоци на Уницеф за стапката на смртност на новороденчињата, каде Македонија во Европа е веднаш зад Молдавија со стапка на смртност од 8,3 проценти на 1000 новороденчиња.
Комисијата за здравство при Алијансата за Албанците, предлага три точки за намалување на смртноста на новороденчињата.
Пресс конференцијата Алијансата за Албанците ја одржаа по повод утрешниот ден, седумнаесетти ноември како ден на предвремено родените деца.
Зоран Димовски


