Тетовскиот гинеколог Казимир Копривњак е ослободен од кривичното дело тешки дела против здравјето на човекот. Претпладево беше прочитана ослободителната пресуда за обвинителниот акт, со кој се товари дека при породувањето на починатата родилка Виолета Кировска започнал царски рез, без претходно да обезбеди количини крв.
Судијата Садула Изаири рече дека ослободителната пресуда е донесена на основа на трите вештачења на вештите лица.
Адвокатот на оштетената страна вели дека во самите вештачења има наоди кои кажуваат дека докторот направил пропусти при породувањето на Кировска. Тој најави жалба на пресудата.
-Ние се уште сметаме дека постојат доволно материјални докази што укажуваат на голема низа на пропусти при третирањето на починатата но судот даде верба на вештањената иако и таму имаше констатации за пропусти во функционирање на ситемот но заклучоците беа дека нема вина кај обвинетиот. Во вештачењата околу постапката беа наведени ненавремено земање на крвни слики, пропусти во подготовката на операцијата, ненаврмено отпочнување на операцијата а според нас тука сигурно има моменти што довеле до смрт на починатата. Сепак ние не сме вешти лица но сите кажуваат дека опреацијата била успешна но исходот е добро познат и го знаеме сите рече адвокатот на оштетената страна Милан Ивановски.
Адвокатот на одбраната ја поздрави пресудата.
Семејството Кировски се изненадени од самата пресуда, за која сметаат дека е наместена .
-Никој не може да не разубеди дека се ова не беше лага и еден голем циркус и ова е еден срам за човештвото и за здравството почнувајќи од сестрите па се до вештаците . Без разлика на пресудата ние сме повеќе од сигурни дека станува збор за убиство на мојата Виолета рече Славица Михајловска.
Судскиот случај против гинеколот Казимир Копривњак вработен во тетовската клиничка болница трае повеќе од три години.
Зоран Димовски


