Учениците од земјоделското училиште „Ѓорче Петров во Кавадарци. кои го печат занаетот за идни енолози и агрономи, произведуваат вино во домашни услови. Тие со своите родители подготвиле вина кои ги дегустираа еминентни енолози од две големи винарии во Кавадарци, познати по своите производи. Се дегустираа триесетина мостри на бели и црвени млади вина, кои допрва ќе зреат, а енолозите ги прогласија најдобрите.

„Квалитетот на младото вино оваа година, сооглед на тоа дека се дегустираше вина произведени во домашните подруми на нашите ученици и нивните ордител е одличен. Мораме да го земеме фактот дека тоа се аматерски услови каде процесот на производство оди мануелно“ вели професорот Горан Керов.
Тој изнесе оценка и за тоа кои се подобри вина во поглед на квалитетот, белите или црвените.
„ Од тоа што забележав белите вина имаат поголема концентрација на вкупни киселини за разлика од некои претходни години. Киселините беа над 6 промили. И црвените беа добро сработени. Мора да се напомене дека се млади вина и во наредниот период ќе зреат“ нагласи Керов.
Директорот на училиштето “Ѓорче Петров”, Горан Велковски изрази задоволство од овој настан.
-Сево ова е дел од процесот на производство на виното, сега се проверува до кој степен тоа се развило, за да се знае што треба да се стори понатаму. Во училишната лабораторија која започна да функционира минатата година, се следат сите фази од зреењето на виното и се одредуваат сите негови параметри , како и енолошките постапки потребни за да се добие убаво, вкусно и здраво вино, рече директорот и искажа надеж дека ќе се продолжат активностите за да се добие квалитетен производ.
Во категотија бели вина првото место го освои Благој Петров , второ место- Павел Илиев, и трето место Рејхан Куртишова. Додека во категодија на црвени вина: Рејхан Куртишова поворно беше најдобра и го освои првото месо, Второ место беше за за Стефан Коцев и трето Благој Петров.
Ангел Данов


