ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Заев и Шилегов за загаденоста – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/18 10:14 AM

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Заев и Шилегов за загаденоста

Оставки од премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов побара денеска опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека тие не преземаат ништо, додека граѓаните се трујат.

Енормната загаденост е проблем кој Шилегов вети дека итно ќе биде решен. Сега една година со прст не мрднува, а наместо да предлага решенија и работи на подобрување на квалитетот на воздухот тој организира стенд ап настапи за исмејување на  својата неработа – велат од ВМРО ДПМНЕ, од каде сметаат дека власта имала доволно време да почне да го подобрува квалитетот.

Денешната реакција од најголемата опозициска партија во земјава, следува по вчерашната прес конференција на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кој најави сет мерки со кои аерозагаденоста во следните две години во Скопје треба да се намали за 50, а во другите градови за 30 проценти.

Екологистите од Тетово пак, реагираа дека е нефер одлуката со која според нив, Скопје се фаворизира пред останатите загадени градови.