Се зголемува бројот на жртви и исчезнати во пожарот во Калифорнија(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 11/16/18 9:46 AM

Се зголемува бројот на жртви и исчезнати во пожарот во Калифорнија(видео)

Бројот на потврдени жртви во пожарите во Калифорнија се искачи на 63 лица, додека 631 се сметаат за исчезнати, изјави окружниот шериф Бат Кори Хони.

Најтешко е погоден градот Парадајз, во кој живееја 27 илјади жители. Таму пожарот уништи приближно 12.000 домови, а од некогашниот град сега се останати само купишта пепел.

Од подрачјето погодено од најсмртоносните пожари во историјата на Калифорнија евакуирани се околу 50 илјади лица.

Во потрагата по преживеани помагаат и војници.