Дејан Ловрен го нападна Серхио Рамос пред извесно време и порача дека капитенот на Реал Мадрид е најпреценетиот стопер во светот, порака на која искусниот дефанзивец излезе со ироничен одговор во највата за мечот меѓу Хрватска и Шпанија.
Рамос порача дека нормално е да добие таков коментар од играч кој губи на најважните натпревари, а покрај тоа што овие двајца водеа „војна“ на теренот во неколку наврати на „Максимир“, дефинитивно посебно внимание предизвика пораката која ја испрати хрватскиот дефанзивец по крајот на мечот кој заврши со 3:2 во корист на домаќините.
Во моменти на еуфорија и навивачко лудило, Ловрен се вклучи во живот, а во својата „жолта минута“ не ги бираше зборовите и го „поздрави“ Рамос со навредливи зборови.
– Аха… 3:2. Па сега ти зборувај мајсторе на прес-конференции. Мајстореее… Тоа се обични пи… Само ова вреди, ова на ова страна, – порача Ловрен покажувајќи го грбот на Хрватска.
Извор: derbi.mk


